Битола
Битола is a city in MK, MK.
About Битола
Битола — град во југозападниот дел на Македонија и седиште на истоимената Општина Битола, административен, културен, економски, индустриски, образовен и научен центар за тој дел од земјата. Ова е трет по големина град во Македонија според бројот на жители и на север се наоѓа главниот град на Македонија, Скопје, на североисток се наоѓа градот Прилеп, на југ се наоѓа градот Лерин (Грција) и на северозапад се наоѓаат Ресен и Демир Хисар. Градот е познат под името град на конзулите, бидејќи тука се наоѓале конзуларните претставништва на европските земји во времето на Отоманското Царство, каде заедно со Солун бил најважно место во европскиот дел на Империјата. Во периодот 1864 — 1912, Битола бил главен град на Битолскиот вилает, еден од трите вилаети во регионот Македонија. И денес, голем дел од конзуларните претставништва во Република Македонија се наоѓаат тука. За време на Југославија бил еден од културните центри, како во Кралството Југославија, така и во СФРЈ. Таткото на турската нација Кемал Ататурк завршил офицерска школа во Битола. Некои негови работи денес се чуваат во Народниот музеј. Битола е позната и како „градот под Пелистер“ поради неговата близина до Баба Планина.
Read more on WikipediaNearby Points of Interest
Битолска Тврдина
Хераклеа Линкестис
Џамија Ајдар Кади
Ф-86Е
Ф-86Д
Св. Троица
Национален парк Пелистер
Саат Кула
Roman Theater of Heraclea Lyncestis
Голема Базилика
The Story
Full narrative essay coming soon. This section will contain a deep, archival-quality exploration of Битола's cultural significance, historical context, and contemporary resonance.